Од 4.000 ваучери за туризам, досега се издадени 2.500, а останатите треба да бидат поделени до крајот на неделава, соопшти денеска министерот за економија.
Имајќи предвид дека 2.500 ваучери веќе беа издадени пред да бидат распишани локалните избори, постапката ќе продолжи. Исплата од Министерството за економија до хотелските капацитети не се прави веднаш, но тоа е предвидено во буџетот и ќе се направи во моментот кога ваучерите ќе бидат користени. До крајот на неделава ќе бидат издадени сите ваучери. Интересот за оваа мерка е голем, а финалниот список, кој добил ваучер, ќе биде објавен кога ќе бидат доделени сите ваучери.
извор: nezavisen.mk