Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите, кои се уште се активни на повеќе места во државата.
Критично е во кумановскиот и прилепскиот регион, но и во селото Побожје, каде вчера беа запалени три куќи. На терен заедно со нашите, интервенираат и екипите од Австрија, Словенија, Бугарија и Романија, а за денеска најавена е и помошта од Црна Гора и Франција.
Од Министерството за одбрана информираат дека Црна Гора ќе испрати хеликоптер Бел 412, но и екипаж од четири лица, како помош при справување со пожарите, откако Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри ова барање на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац.
Помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката за одбрана до нејзината црногорска колешка Ињац, а ќе биде имплементирана преку НАТО координативниот центар за одговор при кризи EADRCC.
И Франција денеска ќе се приклучи во напорите за гаснење на пожарите.