Компaниите ги покачуваат цените на своите производи зависно од движењата на пазарот. Зарем не треба тоа да го прават и со платите?
Вработениот Х веќе подолго време не беше задоволен со својата плата... Тој напорно работеше неколку години, добиваше пофалби од претпоставените и колегите за својата работа, но скоро и да немаше некој голем напредок кога станува збор за платата. Реши да истражи колку плата всушност заслужува. Не беше изнендаден кога сфати дека други вработени во иста дејност како неговата и со исти квалификации заработуваат повеќе.
Размислуваше што да направи... Дали е соодветен момент да разговара за покачување? Дали треба да вложи дополнителен напор на работа, за менаџментот тоа да го награди со повисока плата? Дали едноставно да се обиде да најде работа во друга компанија, каде што ќе добие повисока плата..?
Сепак, одлучи да разговара со својот претпоставен.
Вработениот Х: „Истражував на пазарот и забележав дека не сум доволно платен. Дури можам и да Ви ги покажам анализите. Дали можам да очекувам покачување?“
Шефот: „Те разбирам. Ќе разговарам со човечки ресурси и ќе се обидам да издејствувам покачување, затоа што го заслужуваш“.
Шефот: „Дали ќе може да разгледаме опции за покачување на платата на Вработениот Х? И самиот е свесен дека не е доволно платен, а и пазарот го покажува тоа.“
ЧР: „Ни треба економска оправданост за покачување на неговата плата.“
Шефот: „Пазарот не е доволно релевантен показател за тоа?“
ЧР: „Не. Според политиката на нашата компанија, покачувањето на платата мора да има економска оправданост.“
Шефот: „Во ред.“
Шефот: „Многу ми е жал. Зборував со човечки ресурси но, се уште нема услови да ти ја покачиме платата.“
Вработениот Х беше премногу разочаран. Реши да побара нова работа, каде што ќе биде доволно ценет и платен.
Неколку дена подоцна...
Вработениот Х: Давам отказ. Најдов подобро платена работа.
Шефот беше премногу разочаран што ќе изгуби добар работник, но знаејќи ја целата приказна, му даде целосна поддршка и му посака среќа на новата работа.
Но беше бесен на компанијата. Побара да зборува со колешката од човечки ресурси.
Шефот: „Ме интересира дали сега ќе ви биде економски оправдано да вработите нов човек за 50% повисока плата?“
Компаниите ги покачуваат цените на своите производи зависно од движењата на пазарот. Зарем не треба тоа да го прават и со платите?
Што мислите?
Проверете колку плата заслужувате преку бесплатната алатка за плати Моја Плата на ЛИНКОТ.