Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личендоход за времетраењето на обуката.
ЈАВЕН ОГЛАС
Се повикуваат евиденираните невработени лица корисници на гарантирана минимална помош кои сезаинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работнитеклубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 18.08.2021година.
Обуката ќе се реализира во период од 2 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваатсекојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец. Доколкуспроведувачите на обука се приватни компании (работодавачи) практичната работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување заинвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личендоход за времетраењето на обуката.
Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениотиспит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обукапропишан од Министерство за образование и наука.
Вклучените евидентирани невработени лица кои се корисници на гарантирана минимална помош или користат право напарична помош од социјална заштита или паричен надоместок, за времетраење на обуката не го губат ова право.Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработувањена Република Северна Македонија и селектираните кандидати.
Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот оглас.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања и градови:
Негувател/ка на деца -Кавадарци, Штип, Струмица, Струга, Крушево, Битола, со завршено минимум средно образование ,
Негувател/ка на стари и немоќни лица - Битола, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Охрид, Струмица, Скопје, Штип, Дебар, Кочани, Крива Паланка, со завршено минимум основно образование,
Личен асистент на лица со попреченост - Куманово, Велес, со завршено минимум средно образование,
Педагошки помошник за ученици во основно образование – Скопје, со завршено минимум средно четиригодишно образование,
Службеник во сметководство / книговодство - Кавадарци, Струмица, Куманово, со завршено минимум средно образование,
Фризер- Гостивар, Куманово, Скопје, Струмица, Тетово, Штип, со завршено минимум основно образование,
Шминкер - Скопје, Струмица, Штип, Тетово, со завршено минимум основно образование,
Слаткар – Гостивар, со завршено минимум основно образование,
Готвач – Велес, со завршено минимум средно образование,
Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин – Кочани, со завршено минимум основно образование,
Заварувач - Куманово, Тетово, Штип, со завршено минимум основно образование,
Собирач на секундарни суровини – Скопје, со завршено минимум основно образование,
Дигитален маркетер - Скопје, Куманово, Битола, со завршено минимум средно образование,
Оператор за графички и веб дизајн - Куманово, Битола, со завршено минимум средно образование и
Шивач - Куманово, со завршено минимум основно образование.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработувањена Република Северна Македонија и селектираните кандидати.
Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот оглас.
Во зависнот од бројот на пријавени лица кои ги исполнуваат условите наведени во ЈО, при изготвување на критериумите за селекција ќе се почитуваат и следните основни принципи:
-Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19,
Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот и
-Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија.
При селекција на пријавените кандидати во обуките предност ќе имаат невработени лица кои предходно не биле вклучени во оваа мерка.
Заинтересираните невработени лица корисници на гарантирана минимална помош можат да го изразат својот интерес и/или да поднесат поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на вебстраната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk, како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
За сите дополнителни прашања може да се обратите во ИПА канцеларијата на проектот на e-mail:ipa@av.gov.mk, ipa4esarnm@gmail.com и info@av.gov.mk.