Кафулињата и рестораните, се чести места каде што студентите работат, тие се силно погодени од пандемијата со коронавирусот, па дел од нив затворија, а некои отпуштија вработени. Од нив, пак, најмногу се млади, бидејќи тие се вработени со договор за дело кој овозможува и полесно да бидат отпуштени, покажуваат истражувањата. Но и на оние кои ги задржале работните места, не им е полн џебот како и пред коронавирусот.
Голем дел од младите останаа без своите работни места земајќи го предвид фактот дека голем дел од младите се вработени во угостителската област. Од тука со сите оние мерки кои што беа во изминатите месеци за спречување на ширењето на пандемијата и затворањето на овие објекти каде што работат младите, логично е да очекуваме дека токму младите се најпогодени во оваа индустрија.
Младите се една од најризичните и најранливите категории кога станува збор за нивните права од работниот однос. Како што може да покажат и податоците со кои располагаме од почетокот на здравствената криза речиси 35 000 луѓе останаа без работа и егзистенција, а речиси 34 отсто од нив се млади лица до 29 години.
Пред една година, во делот на економските мерки младите имаа право на паричен надоместок додека трае вонредната состојба, да се обезбеди заштита на прекарните работници (хонорарци, фриленсери итн), спроведување на политиката Младинска гаранција на цела територија, обезбедување на бесплатно правно советување и консултации за млади, државните служби поефикасно да реагираат за да се спречат злоупотреби во време на кризава, при спогодбени откази, да се гарантира дека работодавците кои работат во текот на кризата ќе обезбедат задолжителна заштита на работното место која ќе спречи зараза од корона вирусот, да не се дава финансиска поддршка на фирми кои имаат отпуштено работници од почетокот на кризава. Една година подоцна, кога никој не можеше да претпостави како ќе се одвиваат работите со пандемијата, повторно фокусот беше ставен на младите, но и овај пат безуспешно.
Аналитичарите оваа ситуација ја нарекуваат „чадор политика“ односно пробува да ги заштити сите, ама во одреден момент никој не стои под тој чадор и ќе наврне. Во овој случај тоа се младите бидејќи не ги задржаа своите работни места, особено во угостителството и други бранши кои што најмногу трпат за време на пандемијата.
извор: slobodnaevropa.mk
ОТВОРЕН ОГЛАС: