Од МВР тврдат дека редовно се примаат граѓаните, дека техничките можности предвидуваат печатење на сите лични документи, вклучително и личните карти со новото уставно име. Но, МВР не смее да започне со издавање на новите лични карти сѐ додека Законот не биде во сила. Постапувањето, пак, по стариот закон е невозможно од технички аспект поради фактот што МВР токму во интерес на реализирање на превземените обврски и роков изврши технички трансфер на системот за изработка на сите лични исправи, наведуваат од МВР.
Од таму велат дека „активно работат на разгледување на можните опции за изнаоѓање решенија што е можно поскоро“ и апелираат до деловните субјекти, особено оние од банкарскиот сектор, да ги прифатат потврдите од граѓаните што ги добиваат при апликација за лични документи како доказ дека постапката за издавање на нов документ е во процедура, односно да им излезат во пресрет на своите клиенти.
извор: slobodnaevropa.mk