Чешањето кое се појавува како последица на убодот од комарец не може да исчезне веднаш, па треба да бидете трпеливи. Најважно е да не го чешате зацрвенетото место за не да ја раздразните кожата и да не го зголемите времето на заздравување.
Откако ќе забележите дека сте каснати од комарец, веднаш измијте го местото со вода и сапун или исчистете го со алкохол. Потоа можете да искористите некој од следниве домашни лекови, кои помалку или повеќе го намалуваат чешањето:
- Паста од сода бикарбона. Измешајте вода со сода бикарбона за да направите паста, а потоа нанесете малку на зацрвенетото место;
- Сок од лимон;
- Јаболков оцет;
- Алое вера;
- Паста за заби;
- Течност за плакнење на устата;
- Сол. Протријте ја кожата со малку сол и вода;
- Лушпа од банана. Протријте го „каснатото“ место со внатрешноста на лушпа од зрела банана;
- Масло од чајно дрво;
- Мраз.
Дополнително можат да ви помогнат и следниве малку чудни „лекови“:
- Селотејп. Залепете парче селотејп. Многумина тврдат дека значително го намалува чешањето.
- Проѕирен лак за нокти. Премачкајте го местото со малку лак за нокти. Но, не го правете ова ако претходно сте си направиле рана со чешање.
- Сув сапун. Протријте го местото со сув сапун за да почувствувате олеснување.
- Направете „Х“. Со помош на нокот направете „Х“ врз местото на убодот. Го спречува чешањето веднаш.
- Плунка. На убоденото место ставете малку од сопствената плунка.