Македонската кошаркарска федерација во периодот од 27. јули до 6. август ќе биде организатор на Европско Првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години. На ова првенство, кое ќе се одигра в Скопје, учество ќе земат 24 репрезентации од Европа кои се натпреваруваат во вториот ранг на континенталниот собир за јуниори.
МКФ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација.
Отворени позиции:
- Одговорни лица за репрезентации (23 позиции)
- Одговорни лица за хотел (10 позиции)
- Најавувач на натпревар во спортска сала (3 позиции)
- DJ во спортска сала (5 позиции); музиката и опремата е обезбедена од МКФ
- Лице за одржување на терен во спортска сала за време на натпревари (5 позиции)
Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака „За конкурс за ЕП во Скопје“.
Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.
Рокот за пријавување е до 27. јуни.
извор: факултети.мк
КОНКУРС од МКФ: Отворени се 46 позиции
Издвоени огласи
-
МЕГА КОНКУРС: Потребни се 79 работници од Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен
Обезбеден превоз за вработени од Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен;
-
Ако живееш во Скопје или Охрид сега имаш шанса да се вработиш во Тинекс!
ТИНЕКС постојано го проширува тимот и овој пат има потреба од следните работни позиции:
-
Сè што треба да знаете за работната позиција ДИСПЕЧЕР
Сигурно илјада пати сте слушнале дека некоја ваша пријателка (или пријател) се вработила во американска компанија која се занимава со диспечерство и дека таа (или тој) има плата која надминува 2000 евра. Генерално, најголем дел од кандидатите кои се пријавуваат за работното место диспечер, се пријавуваат затоа што платата е висока. Но, ајде навистина да разгледаме какви се барањата за работа како диспечер од почеток до крај.
-
ЕУРО ТАБАК вработува во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Тетово и Гостивар
- кандидати со минимум ССС
-
Сакаш да работиш за клиенти како Ford, BMW, Jaguar, Land Rover, Puma, Durex, L'Oreal? Те чекаме во Scandiweb
Одлична шанса да станеш дел од тимот на Scandiweb!
-
ГОЛЕМ КОНКУРС за вработување во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА!
Отворени позиции во Скопје, Струмица, Кочани и Битола - се бараат кандидати од различни профили