Според актуелните податоци, просечната плата во Осло во моментов е околу 3.000 евра (по оданочување), и е една од највисоките плати на ниво на европските престолнини
Пред неколку децении, гастарбајтерите од регионот масовно одеа да живеат и работат во Германија, Австрија, Шведска... Тие практично веќе имаат и цели населби таму. Сепак, време е да посетите некои други земји - можеби дури и трајно.
Веќе некое време се зборува за Норвешка, како земја со голем потенцијал, во која можете „да се пронајдете и да заработите добро за живот“.
Млада жена од Хрватска, која релативно неодамна се пресели во Норвешка, секојдневно ги споделува своите искуства на Инстаграм. Обично комуницира со своите следачи преку кратки видеа, во кои објаснува каков е животот во таа земја, што е најнеобично за неа во однос на Балканот или како да се најде работа.
Таа вели дека во овој момент Норвежаните имаат хроничен недостаток од работници: од медицина, преку градежништво, до образование. Од моментот кога ќе добиете ID, можете да аплицирате во Бирото за вработување, кое се вика NAV. Тие дополнително ви помагаат да најдете работа, а има и приватни агенции за вработување.
Можете исто така да испраќате отворени апликации, односно CV до компании што ви се допаѓаат. Треба да се има предвид дека на граѓаните на Хрватска им е потребна само лична карта, но на нашите граѓани, значи, оние од Македонија - им е потребна и работна дозвола за Норвешка.
Накратко, личната карта е личен норвешки матичен број кој ќе ви помогне да завршите многу работ, бидејќи факт е дека само мал процент од луѓето (2 до 3 проценти) - наоѓаат работа преку Интернет, додека се уште престојуваат во нивната земја. Тоа се претежно експерти од индустрии како што е ИТ. Се разбира, кога барате работа, оние што знаат норвешки јазик секогаш имаат предност.
Според актуелните податоци, просечната плата во Осло во моментов е околу 3.000 евра (по оданочување), и е една од највисоките плати на ниво на европските престолнини. Но, трошоците за живот се исто така високи: ако барате стан, погледнете ги опциите надвор од центарот, бидејќи недвижностите во центарот се на ниво од 1.000 евра и погоре.
Интересни факти за животот во Норвешка
1. Слоганот „Ике стрес“, што значи „без стрес“, важи во оваа земја. Норвежаните веруваат дека животот не е стрес и дека не треба да се гледа низ таа призма.
2. Во сообраќајот нема нервозни возачи, животот е многу помирен отколку на Балканот. Општо земено, тие ги извршуваат секојдневните задачи доста бавно и се водат според слоганот „она што не може да се направи денес, ќе се направи утре“.
3. Имајте на ум дека Норвешка е една од најмалку населените земји во Европа, a во неа живеат околу 250 различни нации. Исто така, според некои анкети, тие се на листата на најсреќните луѓе во светот. Сакаат разни спортови, скоро сите практикуваат и се во добра форма.
4. Магичната природа на оваа скандинавска земја е позната по особено богатите шуми.
5. Децата во Норвешка до 8 одделение немаат оценки, за да не доживуваат ваков вид стрес. Исто така, сите државни факултети се бесплатни, само приватните училишта се плаќаат.
6. Можете да купите алкохолни пијалоци само во специјализирани продавници, бидејќи така Норвешка се обиде да го намали алкохолизмот кај населението пред неколку децении - и успеа.