Со поставувањето на базните станици во амбасадите за изработка и достава на пасоши на нашите граѓани што живеат и работат во странство претставниците на нашата дијаспора се стекнуваат со голем бенефити и од аспект на времето потребно за овие активности, финансиските трошоци поврзани со тоа, а истовремено, ќе добијат готов производ, пасош за временски рок од две до три недели, - велат од Министерството за Надворешни работи.
Деценискиот проблем што го имаше македонската дијаспора, се надминува со поставувањето на овие базни станици во македонските амбасади, и услугата за издавање на патни исправи за оваа категорија на македонски државјани се олеснува и скратува.
– Досегашната постапка за издавање на пасоши просечно траеше од четири до пет месеци, а нашата анализа покажува дека во некои случаи постапката се одолговлекуваше и над шест месеци. Покрај времето, тоа претпоставуваше и големи трошоци, како за самите граѓани, така и за министерството. Со поставувањето на базните станици претставниците на нашата дијаспора се стекнуваат со голем бенефити и од аспект на времето потребно за овие активности, финансиските трошоци поврзани со тоа, а истовремено, ќе добијат готов производ, пасош за временски рок од две до три недели – велат од Министерството.
Шефот на македонската дипломатија рече дека досегашната постапка за издавање на пасоши просечно траела од четири до пет месеци, а анализа на МНР покажува дека во некои случаи постапката се одолговлекувала и над шест месеци. Тој додаде дека со ова ќе се намалат и гужвите на шалтерите на управните служби за време на летните месеци во нашата држава, бидејќи граѓаните истата услуга ќе ја добиваат во нашите конзулати во државите во кои престојуваат.
МНР има формирано пет тима, составени од вработени во министерството, кои ќе вршат обука и инсталација на базните и мобилните станици во амбасадите и конзулатите на Македонија кои се мапирани дека се со најбројна популација и со најголеми потреби за овие услуги.
Базни станици ќе се инсталираат во Минхен, Бон, Берлин, Брисел, Берн, Виена, Љубљана, Венеција, Лондон, Стокхолм, Њујорк, Чикаго, Торонто и Мелбурн. Инсталирањето на базните и мобилните станици се планира да заврши до крајот на октомври.
Извор: novamakedonija.com.mk