Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција истакна дека донесена е одлука средните училишта во Гостивар и Тетово да ја започнат учебната година со онлајн настава.
„Со консензус се донесе препораката за средните училишта во полошкиот регион, Тетово и Гостивар учебната година од 1-ви септември да ја започнат онлајн и тоа да биде во првите две недели, а понатаму согласно тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројот на новодијагностицирани лица“, истакна Филипче.
Тој додава дека една од главните причини за оваа одлука е ситуацијата во болниците поради тоа што се преоптеретени. Инаку, претходно Кризниот штаб од Тетово побара почетокот на учебната година во Тетово да започне со онлајн настава поради моменталната состојба.
Извор: mk.tv21.tv