Денеска Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали транспортерите кои не се вакцинирани ќе мора од први септември да прават ПЦР- тест за влез во земјава. Професионалните возачи на моторни товарни возила да бидат изземени од мерката, за да не се предизвика застој на стоката, а со тоа и удар врз економијата.
„Врз основа на анализа која е направена на места каде транспортерите влегувале претходно со ПЦР тест, во Германија, во Баварија или во Грција покажува дека 0,1 отсто имало појава на позитивни тестови кај возачите. Факт е дека се тие самоизолирани, дури и да имаа некој со асимтоматични случаи, да се носители на вирусот, тие не може никого да заразат затоа што според протоколот при своето движење постојано се во камионите“.
Доколку Владата денеска донесе негативна одлука за нив, транспортерите ќе мора да имаат негативен тест, да бидат вакцинирани или прележани. На удар ќе бидат репроматеријалите, лековите, нафтата и производите за широка потрошувачка.
Извор: vecer.press