Се ближи крајот на 2021 година а сите се прашуваме уште колку неработни денови ќе може да искористиме до крајот...
Неработен ден, понеделник воедно и споен викенд ќе биде 11 Октомври Ден на народното востание на македонскиот народ.
Нема да работиме и на 23 октомври Ден на македонската револуционерна борба, но бидејќи се паѓа во сабота тоа значи дека нема да имаме ден плус за да имаме споен викенд.
8 декември, среда, ќе го прославиме „Св. Климент Охридски” и ќе имаме скратена работна недела од 4 дена.