Децата постари од 10 години веруваат дека пандемијата ќе го промени остатокот од нивниот живот, со тоа што две третини од младите велат дека ќе трајно ќе бидат во понеповолна ситуација.
Истражувањето открива дека двајца од тројца млади изјавиле за конкуренцијата за вработување веќе е зголемена, што им предизвикува чувство дека е невозможно да се најде соодветна работа. Речиси третина од нив изјавиле дека пандемијата влијаела да размислуваат да не го продолжат своето понатамошно образование.
Студија на повеќе од 5.000 млади луѓе на возраст од 10-25-годишна возраст, покажува и дека половина од децата на училишна возраст сметаат дека заостанале во образованието изминатата година, при што две третини од нив чувствуваат притисок брзо да го надоместат заостанатото.
Младите луѓе се ДНК на иднината на земјата и ние едноставно не можеме да имаме ситуација во која повеќето од оваа „изгубената генерација“ се чувствуваат како да не можат да го сменат својот животен пат или да ги подобрат шансите за сопствениот живот.
За да се надомести изгубеното и за да бидеме сигурни дека ниту еден млад човек или заедница нема да заостане, потребни ни се итни, храбри и заеднички активности во бизнисот и образованието, со цел младите да бидат активно вклучени во носењето одлуки.
Со цел да се помогне во справувањето од влијанието на пандемијата, младите вклучени во студијата предложиле младински центри кои би го поддржале нивното образование, обуки и кариери, како и индекс за продуктивност на младите.
Извор: radiomof.mk