Google на 27. септември ја укинува поддршката за сите паметни телефони со оперативен систем од 2010 година. Тогаш актуелен беше „Android 2.3.7 Gingerbread“
Сега сите тие уреди повеќе нема да имаат полна функционалност поради тоа што Google прекинува со поддршката, така што нема да може да се пријавите на Google профилот. Во пракса, сите апликации кои сте ги користеле сега нема да имате можност да ги користите.
Поточно, на вашиот телефон Google Maps и YouTube повеќе нема да функционираат. Нема да имате можност да правите инсталирања, ажурирање или пак преземања на апликации поради тоа што Google Play кон крајот на месец септември нема да може да го користите.
Од компанијата најавиле дека кога ќе се обидете да се најавите на својот профил или пак да користите некоја од апликациите на Google, може да очекувате да ви се појави известување дека станува збор за „системска грешка“ што ќе ве предупреди на постоење на грешки при најавувањето со корисничкото име и лозинка.
Според официјалните статистики на компанијата во светот 0,3 отсто од сите телефони со Android оперативен систем имаат инсталирано Android 2.3.7. Изгледа како тоа да е малку, меѓутоа станува збор за 10.000.000 мобилни телефони.
Едно решение е секако да го замените мобилниот телефон кој во себе има инсталирано таков софтвер. Другото е да продолжите да го користите по пат на пребарувач на телефон.