Денес од северозапад ќе помине и влажна воздушна маса која на повеќе места ќе услови врнежи од дожд додека температурите до утрешното саботно утро треба да се спуштат за околу 10 степени а понекаде дури и за околу 15 степени.
Поради значителниот и наглиот пад на температурите на највисоките планински врвови од државава особено на северозападот и северот не се исклучува можноста да провее малку снег.
Температурите на воздухот во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени додека како што ќе поминува овој бран од северозапад кон останатите предели на државава ќе условува и пониски температури за време на истиот.
Многу свежо време понекаде дури и релативно студено ќе имаме во недела наутро кога температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени додека на планините а особено на високите планини истите ќе паднат и во негатива каде се очекува и појава на мраз.