Се започна минатата сабота кога Колин го посетил Whitbie’s Fish & Chips, мало ресторанче во Летбриџ, Канада. Тој бил изненаден кога видел дека внатре имало само една муштерија, а тоа бил самиот тој. На соседната маса го здогледал сопственикот на местото, 70 годишниот Џон МекМилан.
Рос го нарачал специјалитетот од ресторанот и бил воодушевен. Храната била вкусна и сочна, а местото чисто со домашна атмосфера. Кога Колин го прашал Џон како му иде бизнисот, му се скршило срцето кога го слушнал одговорот – не успевал да привлече муштерии веќе долго време, дури немал пари за да си исплати самиот на себеси.
Без двоумење, Рос се понудил да му го рекламира ресторанот. Токму ова го инспирирало да напише објава на Фејсбук која направила бум. До вторникот, во ресторанот имало преку 400 муштерии, а до петокот бројката се искачила на 500. Објавата на Колин постигнала дури 8,000 споделувања.
Масите се сега цело време полни, а на паркингот редовно има паркирани возила. Ова е прв пат во седум години Џон да види толку многу муштерии.
Во интервјуто за Global News, Џон го сподели неговиот најголем сон – да биде сопственик на ресторан кој луѓето ќе го обожаваат и посетуваат. Благодарение на Колин, тој сон се исполни.
А еве ја и објавата на Колин:
Денес бев првиот и единствениот муштерија на Whitbie’s Fish & Chips, а заедно со мене беше само 70 годишниот сопственик на ресторанот. Кога го прашав како му иде со бизнисот, тој ми одговори дека нема доволно пари ни за себе. Тоа ме трогна. Сакам да правам добри дела, да му помогнам на овој човек. Тој е неверојатно шармантен и зрачи со добрина и позитивна енергија. Затоа ги замолувам сите кои ќе ја видат објавата да ја споделат и да му помогнеме на овој господин, затоа што го заслужува тоа.
Кој би рекол дека Интернетот ја има таа моќ да спасува животи и да помогне при реализирање на нечиј сон?