Хрватската влада усвои заклучок за спроведување на законодавни активности поврзани со воведувањето на еврото како официјална валута во Република Хрватска, што вклучува измени на 46 закони и 72 подзаконски акти, коишто се планираат да бидат спроведени до 15 јули следната година, пренесува Хина.
Планирано е дополнително да се изменат уште 939 прописи, кои вклучуваат закони и подзаконски акти кои содржат помал број одредби поврзани со хрватската куна.
Со цел да се спроведе Националниот план за замена на хрватската куна со еврото, заклучено е да се утврди листата на закони и подзаконски акти што ќе треба да се изменат за целосно да се прилагоди хрватското законодавство до воведувањето на еврото како официјална валута во Хрватска.
Потпретседателот на владата и министер за финансии Здравко Мариќ информираше дека во изминатите месеци се работело детално и дека ги преброиле сите законски и подзаконски акти, од кои има вкупно 118, одноно станува збор за 46 закони и 72 подзаконски акти.
Извор: biznisinfo.mk