Црна Гора ќе вработи повеќе од 10.000 лица од евиденцијата на невработени за сезонска работа, а работодавачите нудат плата од 300 до 800 евра.
Потребни се рецепционери, собарки, хигиеничари, келнери, бармени, готвачи, работници во кујна, работници за набавка, магационери.
Овие податоци ги објави црногорскиот Завод за вработување.
„Обезбедено е сместување и два оброци во текот на смената“ - соопшти Заводот.
Заводот деновиве посредува во изборот на сезонска работна сила и за потребите на работодавачите „Каризма Адриатик“ и „Будванска ривиера“.
faktor.mk