Авиокомпанијата „Nordwind Airlines“ ја проширува својата програма и го вклучува новиот лет до Северна Македонија .
Летото од Санкт Петрбург – Скопје , ќе се изведе денеска, а авионот треба да пристигне во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. Од 29 септември, Nordwind Airlines планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје. Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати неделно – секој понеделник, среда и петок.
Цените на билетите почнуваат од 80 евра, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути.
Извор: lokalno.mk