По пауза од една година, Регионот повторно ја имаше можноста да биде дел од најголемата конференција за Човечки ресурси HR Days која традиционално се одржува во Ровињ, Хрватска а овој пат место во април како што беше вообичаено поместена беше за во Септември.
Вработување.ком како дел од групацијата Алма Кариера која ги има најголемите портали за вработување во Регионов и Европа, повторно беше дел од учесниците а преку директорот Дарко Велков и говорник на панел дискусијата “Трендови на на пазарот на труд“
На панел дискусијата учествуваа лидерите на водечките регионални портали за вработување - Игор Зоња-директор на порталот МојПосао-Хрватска, Соња Ќетковиќ -директор на групата сајтови за вработување на Инфостуд-Србија , Мерсиха Мима Мехиќ -Главен оперативен директор на МојПосао Босна, Дарко Велков -директор на Вработување.ком и Томаш Беркопец-директор на Алма Кариера доо – Словенија
Темите за Разговор беа како да се најдат вистински вработени, како да се реши проблемот со континуиран недостаток на работници,со што да се привлечат пасивните работобаратели, на кој начин да се дојде до квалитетен кадар но и како да се задржат вработените да не си заминуваат..
„Работодавачите се потешко наоѓаат луѓе денес, но тоа не е мора да биде лоша работа. Сегашната ситуација не принудува да се посветиме што е можно повеќе на нашите вработени. И постојните што сакаме да ги задржиме, и потенцијалните кандидати што сакаме да ги привлечеме во нашите редови. За среќа, благодарение на малку повисокиот БДП отколку во другите земји во регионот, освен Словенија, Хрватска се уште може да увезува работници и на тој начин да ги задоволи нејзините потреби “, рече Игор Зоња.
Во период на зголемена побарувачка за работна сила, што им дава на вработените подобра позиција на „преговарачката маса“, работодавачите „мора да се променат одватре, но не во начинот на кој менаџментот мисли, туку на начин што ќе им одговара на нивните вработени“, рече Соња. Четковиќ, додавајќи дека компаниите што бараат нови вработени мора активно да комуницираат со се што нудат за да стигнат до пасивните кандидати.
Со ова се согласи и Мерсиха Мехиќ, нагласувајќи дека во Босна и Херцеговина тие не се исклучиво ангажирани за пронаоѓање таленти, туку на создавање квалитетни кандидати.
„Фокусирани сме на индустрии со занимања со дефицит. Во нив, ги одредуваме потребите, а потоа правиме регрутирање, селекција, преквалификација. Едноставно, создаваме нова работна сила базирана на реалните потреби на пазарот на трудот “-.
Очекувањата на денешните вработени се значително различни од некои претходни генерации, забележа Дарко Велков. „Платата, иако важна, повеќе не е најважниот фактор при одлучувањето за изборот на работодавач или одредена работа. Тоа им отстапи место на меѓучовечките односи и имиџот на работодавачот во јавност “.
Исто така, новите генерации бараат сe повеќе кога станува збор за бенефициите што ги нудат работодавачите, вели Томаж Беркопец од ДелоГласник.
„Можноста за работа од дома, флексибилни услови за работа, субвенционирање спортски активности“ Има многу што барателите на работа очекуваат од работодавачите. Наместо општа, сеопфатна понуда, важно е да му пристапите на секој потенцијален кандидат поединечно и да му ги понудите токму оние работи што ќе одговараат на неговите потреби и желби. На тој начин ќе му покажеме колку се грижиме за негово ангажирање и колку ни е важно неговото присуство во компанијата “,заклучи Беркопец.