Институтот за јавно здравје на ден 02.10.2021 година (сабота), од 9:00 до 13:00 часот во Градскиот парк на Скопје, кај фонтаната “Лотосов цвет”, организира бесплатни превентивни здравствени прегледи за граѓаните со мерење на крвен притисок, телесна тежина и телесна висина, ниво на шеќер и холестерол во крвта со совети од лекари и обезбеден промотивен едукативен материјал.
Одбележување на Светскиот ден на срцето има за цел да се подигне свеста за срцевите заболувања, што би довело до намалување на бројот на пациенти со заболување на овој мускулен, витален орган.
Совети за здраво срце:
- Откажете се од цигарите;
- Намалете со алкохолот;
- Хранете се здраво;
- Вежбајте барем по 30 минути дневно;
- Јадете повеќе риба, растителни влакна и овошје;
- Помалку стрес;
- Наспијте се;
- Одете на годишни лекарски контроли;
- Едуцирајте се за симптомите и болестите на срце;
Запомнете – срцето е мускул. И за да биде во добра форма, слична на останатите мускули во телото, има потреба од редовни физички активности: пешачење, скијање, велосипедизам, пливање или друг вид спорт. Чувајте го!