Од почетокот на корона-кризата па наваму, заради потребата од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство
Плаќањата од страна на граѓаните во трговијата со платежни картички, во вториот квартал од 2021 година, забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 35,2% и 43,7%, соодветно, што се должи на условите наметнати од пандемијата кои придонесоа за забрзано менување на навиките на граѓаните во однос на плаќањата. Така, бројот на електронски иницираните кредитни трансфери се зголемил за 30% на годишна основа, остварувајќи повисоко зголемување во споредба со истиот квартал во 2020 година (27%). За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на навиките при извршување на плаќањата во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање.
Во вториот квартал од 2021 година, бројот на плаќања извршени со мобилен телефон пораснал со 55% на годишна основа, истиот е понизок од годишниот раст остварен во истиот период од 2020 година (75%), иако помалку во однос на употребата на мобилните апликации, и натаму расте употребата на компјутерите за извршување плаќања.
Најголем број од трансакциите се остварени со платежни картички при што се забележува значително зголемување при употребата на истите во однос на првото полугодие од 2020 година, додека остатокот се извршени со употреба на кредитни трансфери коишто бележат раст од 15,1%, споредено со истиот период од изминатата година.