Еден милион долари веќе не се она што беа, особено кога станува збор за луксузниот имот. Извештајот за богатството на лондонската компанија за недвижности „Knight Frank“ ги проценува водечките пазари во светот и споредува колку квадратни метри од луксузен имот се доволни за 1 милиони долари.
Монако продолжува да е најскапиот пазар на луксузен имот во светот. За 1 милиони долари купувачите таму можат да се добијат само 16 м2, доволни за пристоен плакар.
Растот на светската економија го зголеми богатството на богатите луѓе во светот и со тоа се зголемени цените на луксузните имоти во водечките градови. „2017-та беше година во која ѕвездите се наредија добро за економијата и повеќето пазари забележаа релативно здрав раст“, пишуваат авторите на извештајот.
Речиси сите градови станаа поскапи во минатата година. Во Монако и Њујорк со 1 милиони долари се купувал 1 м2 помалку во однос на претходната година. Во Лондон, кој е на четвртото место, за 1 милиони долари се купувале 2 м2 помалку во однос на 2016-та година, а во Лос Анџелес цените се зголемија уште повеќе, па 1 милиони долари таму биле доволни за 58 м2 луксузен имот наспроти околу 61 м2 една година порано.
Еве вака стојат работите а богами и квадратурата во пакет со цената:
Монако -15 квадрати
Хонг Конг – 23 квадрати
Лондон – 31 квадрати
Њујорк – 34 квадрати
Сингапур -36 квадрати
Виена – 41 квадрати
Париз – 42 квадрати
Лос Анџелес – 44 квадрати
Сиднеј- 45 квадрати
Шангај – 50 квадрати
Токио – 58 квадрати
Рим – 64 квадрати
Берлин – 70 квадрати
Атина – 85 квадрати
Мајами – 85 квадрати
Мелбурн- 87 квадрати
Истанбул – 112 квадрати
Дубаи – 165 квадрати
Сао Паоло – 252 квадрати
Белград – 330 квадрати