Убаво време ќе имаме викендов, а стартот на новата работна недела ќе го започнеме со промени.
Топол ден се очекува утре и максимални дневни температури од 20 до 26 степени.
Највисока дневна температура денеска е измерена во Гевгелија, 29 степени, а во Скопје, како и во Демир Капија, Штип и Струмица, максималната температура достигнала 28 степени. Најниска дневна температура од 19 степени денеска е измерена во Маврово.
Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира промена на времето од понеделник.
Задутре ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.
извор: faktor.mk