Препораката од Комитетот за имунизација е освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид 19. Трета доза вакцина досега примиле 329 лица.
Во моментов располагаме со 260.000 дози вакцини од производителот Фајзер, 45.000 дози од вакцината Синовак и 100.000 дози од вакцината Астра Зенека.
Почнувајќи од денеска вакцинацијата во главниот град се довива во 7- те Поликлиники и тоа во две смени работат поликлините во Букурешт, Јане Сандански и Чаир. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари.
Граѓаните секаде без закажан термин, каде било, може да примат вакцина, ревакцина или трета доза.
Извор: biznisinfo.mk