Месечните трошоци, висината на минималната плата е недоволна за подмирување на основните животни трошоци кај еден работник во земјава.
Работодавачите се со став дека работниците во Македонија заслужуваат подобри работнички права, газдите кои не ги почитуваат законите се нелојална конкуренција и прават огромна штета на стопанството.
Потребно е уште многу да се работи за во Македонија да се создадат услови за достоинствена работа на вработените лица. Егзистенцијалните прашања за работниците и нивните семејства се најголем проблем, а тоа е да се обезбеди реална, достоинствена плата за извршената работа, плата која ќе гарантира стабилност и сигурност на работничките семејства. Трудот на работниците треба пристојно да биде и платен.
Од Организацијата на работодавачи на Македонија за Денар велат дека целосно го подржуваат концептот за пристојна работа или достоинствена работа. Tрудот е извор на човековото достоинство, стабилност на фамилијата, мирот во заедницата и економскиот раст, кој дава можности за отварање на нови продуктивни работни места и развој на претпријатијата. Работодавачите се свесни дека унапредувањето на можностите за жените и мажите да добијат пристојна и продуктивна работа, во услови на слобода, еднаквост, сигурност и човечко достоинство од идеен концепт прерасна до примарна цел на меѓународно ниво.
Во однос на платата која се однесува на сите вработени, очигледно е дека треба зголемување на истата па така вработените нема да се грижат за егзистенцијата и ќе можат да си ги овозможат најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница.
Извор: denar.mk