
Скопјанка го има најголемиот бруто доход за 2020 година. Таа во изминатата година остварила доход од нешто над 453.1 милион денари во текот на целата година. Тој е двојно поголем од највисокиот бруто доход во 2019 година.
Највисоката бруто плата е на граѓанин од Струга. Платата е остварена во индустријата со метали, и изнесува 105,2 милиони денари.
Лукаревска соопшти дека доход над 1 милион денари во 2020 година имале 40.021 граѓанин.
Извор: kanal5.com.mk