Го нарекуваат „Големиот отказ“, но кога си работодавач, нема ништо големо поврзано со него.
Без разлика на тоа дали е вистинскиот пристап, парите се главното оружје коешто бизнисите го користат во борбата за таленти. Некои работодавачи нудат зголемување на платите дури до 25 % за да ги задржат вработените кои сакаат да дадат отказ. Ова е разбирливо, со оглед на тоа дека денешниот пазар на кандидати кои би им одговорале на работодавачите е мал и со тоа тие се ставени во тешка ситуација. Дали треба да го пуштат вработените да си замине со оглед на тоа дека нивната посветеност кон компанијата е доведена во прашање? Или треба да им понудат нешто за да останат, врз база на тоа дека нема да имаат потреба да вложуваат напори да пронајдат нов вработен кој ќе го замени. Нудењето на контра понуда денес стана пракса која ја применуваат голем број на компании.
Позитивни страни
Дали контра понудата може да му помогне на работодавачот да го задржи вработениот? На краткоречен план, да. Може да помогне да зе задржат талентираните работници кога компанијата не е во ситуација да пронајде нови. Исто така, ги намалува трошоците за регрутирање на нови кандидати кои би биле соодветна замена. Сепак, контра понудата не може да биде трајно решение, бидејќи со истото се избегнува неизбежното.
Негативни страни
Истражувањата и искуствата покажуваат дека контра понудите ретко имаат среќен крај. Со нудење на поголема плата и дополнителни бенефиции, можеш да го задржиш вработениот некое време, но често причините поради кои тој сака да даде отказ не исчезнуваат, по што секако ќе си замине. Во најголемиот дел од случаите, кандидатите се јавуваат после шест месеци и велат дека не требало да ја прифатат понудата, туку требало да си заминат.
Понекогаш, причината поради којашто сакаат да си заминат вработените е малата плата. Во овој случај, потребно е да се зборува искрено со кандидатот уште пред да се вработи, за да знае какви услови го очекуваат.
Но, луѓето ретко ги напуштаат работните места само поради парите. Типично, се работи за подлабоки проблеми како недостиг на кариерено напредување, потреба за нов предизвик или желба за подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. Може да се заклучи дека зголемувањето на платата нема да ги реши овие проблеми.
Ефект на бранување
Прифаќањето на понудата од страна на вработениот може да има и ефект на бранување на поширокиот бизнис. Еднаш кога зборот ќе се рашири помеѓу колегите, тие ќе се почувствуваат охрабрени да побараат повеќе пари. Ова може да резултира со повеќе преговори за контра понуди и зголемувања на плати, предизвикувајќи поголем трошок од очекуваниот и дисбаланс на платните скалила. Доколку дојдете во ситуација да на сите им ги зголемите платите, тоа може да доведе до инфлација на платите.
Што да направите?
Согледувајќи ги слабите страни на контра понудите како долгорочна алатка за задржување на вработените, што да направите кога вработениот ќе даде отказ?
Првиот чекор е да разберете подобро кои се неговите мотиви за напуштањето на компанијата и дали може да се решат.
Доколку веруваат во бизнисот, настрана од нивните моментални грижи, можат да видат иднина во него, тогаш вреди да се работи на решение на проблемите поради кои сакаат да дадат отказ – без разлика дали тоа значи нудење на дополнителни обуки, повеќе обврски или повеќедневна работа од далечина.
Сепак, доколку увидите дека тие веќе се решиле да заминат и вашата компанија не може да им го понуди тоа што го бараат, тогаш можеби е време да се збогувате. Ова можеби изгледа контра – продуктивно доколку имате недостиг на вработени, но е најдобриот начин за вашата компанија на долгорочен план. Менаџирањето и мотивирањето на вработениот кој не е повеќе заинтересиран да работи во компанијата е залудно и непродуктивно, па затоа подобро е енергијата да се насочи кон наоѓање на негова замена.
Превенцијата е подобриот лек
Ваш приоритет треба секогаш да биде што помалку вработени да дојдат до степен да дадат отказ. Ова значи нудење на плати, бенефиции и кариерни можности кои се компетативни и конзистентни со она што денес работниците го бараат и очекуваат.
Секогаш ќе има периоди кога контра понудите ќе изгледаат како единствено решение, но преку спроведување на редовни прегледи на платите за да проверите дали плаќате според стапките на индустријата, мапирањето на чисти кариерни патеки за да и помогнете на вработените во напредувањето и нудењето на пофлексибилна работа за поддршка на баланост помеѓу професионалниот и приватниот живот, ќе создадете работни места кои вработените ги вреднуваат и сакаа да останат да работат на истите. И доколку треба да замените некој вработени, ќе ги привлекувате најпамените и најдобрите кандидати.