Акцијата „10 милиони евра за 10 илјади инвертери” спроведена во Скопје, Тетово, Кичево и Битола во текот на 2020/2021, обезбеди чисто греење за голем број домови во општините со регистрирана највисока аерозагаденост и напуштање на греењето на цврсти горива кои загадуваат. Како што информираат од АД Електрани, акцијата донесе повеќе високоефикасни инвертер клими за домаќинствата од предвиденото.
Субвенционирањето се реализирало по принципот „прв дојден, прв услужен“.
За субвенции во Скопје можеа да аплицираат и домаќинставата од општините кои не се во склоп на Град Скопје односно Арачиново, Сопиште, Илинден. Предност во процесот имаа семејствата кои имаат месечни приходи до 30.000 денари.
Градот Скопје наместо предвидените 5.200, досега додели 6.150 субвенции за инвертери, затоа што дел од субвенционираните баратели имаа потрошено помалку средства од предвидениот максимум од 62 илјади денари.
За акцијата е доделен буџет од 322.400.000,00 денари, исплатени се 298.416.632,00, а останати се 23.983.368 денари, кои се доволни за уште околу 400 инвертери за кои ќе биде распишан нов повик.
- Општина Кичево наместо предвидените 800 клима уреди, додели 810, затоа што останале средства од предвидениот буџет.
- Општина Тетово наместо предвидените 1.500 субвенции, додели 1.589 клима уреди бидејќи исто така и во оваа општина останале средства.
- Општина Битола доби 2.500 инвертери.
Инвертерите истотака се доделени во општините: Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, Чаир, Карпош, Аеродром, Центар, Сарај, Шуто Оризари.