Алармантни податоци на Организацијата на работодавачи кои што ги правеле покажале генерален недостаток на работна сила безмалку во сите гранки од индустријата и стопнаството. Најзагрижувачка е ситуацијата во угостителство и во електроиндустријата која своевремено важеше за една од поразвиените индустриски гранки во Македонија.
-Во делот на угостителството, одливот на кадар можеби е резултат на ковид пандемијата, но недостатокот на работна сила во електроиндустријата е многу долгорочен и треба сериозно да се разгледува, велат од Организацијата на работодавачи. На пазарот на трудот има голем број на работоспособно население кое не ги задоволува потребите на пазарот.
Дека е потребно преструктуирање на образовниот систем ценат и туризмолозите.Проблемот со недостаток на кадар во високото образование не е само во угостителството, туку и во многу други дејности. Многу малку ученици се запишуваат во средните угостителски училишта.
10 % од вкупно запишани средношколци се запишани на струките кои што се потребни за ова стопанство, тоа е поразителен податок, бидејќи навистина во овој момент можеме да кажеме дека сме загрозени и дека дејноста ни е во опасност од страна на таа работна сила која што е клучна за оваа дејност, бидејќи факторот човек е неприкосновен за угостителство и туризам.
Треба да се најде начин како да се насочат учениците кон средните угостителски училишта, бидејќи истите се потенцијални студенти на факултетите за туризам, тоа е нашата работна снага - додаваат туристичките експерти.
Проблемот е актуелен една деценија, но последниве години ситацијата е крајни загрижувачка, кувари, слаткари, келнери, шанкери - нема ни за лек, се жалат хотелиерите.