Дали може да се измери популарноста на одредена автомобилската марка? Интернетот го овозможува тоа.
На видео платформата TikTok, победникот е јасен. Првично, видео платформата TikTok се занимаваше со снимање кратки музички видеа и танцови клипови. Во меѓувреме, работите се сменија и на TikTok може да видите сé и сешто.
Автомобилските компании исто така го открија TikTok за себе. Социјалните медиуми се особено добар показател за популарноста на еден бренд, а податоците за продажбата овде се секундарни, бидејќи не секој фан на Ferrari може да си го дозволи тоа. Судејќи според прегледите на TikTok, BMW е на првото место. Според британскиот портал за споредба uswitch.com, BMW има 17,6 милијарди прегледи на TikTok. Оваа бројка се однесува на прегледите на сите видеа со хаштагот BMW до крајот на март 2021 година.
Баварскиот бренд е на врвот со голема разлика. Mercedes e на второто место со 9,1 милијарди прегледи. Последното место на подиумот го зазема Lamborghini. Еве како изгледа најдобрата десетка.
- BMW (17,6 милијарди прегледи)
- Mercedes (9,1 милијарди прегледи)
- Lamborghini (8,3 милијарди прегледи)
- Tesla (7,2 милијарди прегледи)
- Audi (7 милијарди прегледи)
- Ford (6,5 милијарди прегледи)
- Honda (6,34 милијарди прегледи)
- KTM (5,5 милијарди прегледи)
- Ferrari (4,9 милијарди прегледи)
- Jeep (4,3 милијарди прегледи)