Британската компанија за тјунинг и електрификација на класични автомобили, eDub, вгради електричент мотор на Tesla во Volkswagen Golf GTI 2. Оригиналниот 1,8-литарски бензинец од Golf 2 GTI со 112 КС е заменет со 100% електричен погон. eDub нуди две нивоа на моќност: 164 КС или 274 КС.
Покрај тоа, клиентите можат да изберат батерија од 35 kWh e30 или батерија од 54 kWh e50 - поголемата обезбедува автономија на возење од околу 275 километри.
Беа направени одредени промени во внатрешноста на автомобилот, па рачката на менувачот и педалата за квачилото беа отстранети од кабината, а таблата со инструменти беше прилагодена на новиот погонски склоп.
На крајот, кога ќе се повлече линијата, дополнителното опремување на Golf 2 GTI се движи од околу 60.000 евра за пакетот e30 до 65.000 евра во верзијата e50.
Компанијата eDub веќе работи на други класични автомобили, како што се BMW 700 или дури и Porsche 911, и вкупно нуди опсег од пет погонски единици до 608 КС и капацитет на батерија до 80 kWh.