Ноќта на 31 октомври ќе ги вратиме стрелките на часовниците за еден час назад.
Ноќта на 31 октомври ќе ги вратиме стрелките на часовниците за еден час назад.
Тоа што неделата на 31 октомври ќе биде еден час подолга не пречи никому. Со промената на времето се добива повеќе дневна светлина во утрата, но и порано стемнување во попладневните часови. Но анкетите покажуваат дека промената на летното сметање на времето напролет и во нормалното, или зимско, сметање наесен не е омилено кај луѓето. Истражување на германската здравствена осигурителна куќа покажува дека дури 72 отсто од испитаниците се против промената на времето.
Речиси една четвртина од испитаниците, 24 отсто, некогаш почуствувале здравствени или психички проблеми поради промената. Дури 85 проценти од нив се чувствувале уморни или истоштени, 70 проценти имале проблеми со сонот, и речиси секој втор имал проблем со концентрацијата.
Колку се штеди?
Критичарите на промената на времето велат дека покрај здравствените последици, тоа не ја исполнува ниту основната цел. Имено, промената на времето во летно сметање треба да донесе заштеда на енергија во потоплите месеци. Убедувањето е дека поместувањето на стрелките за еден час напред ќе ја намали потрошувачката за осветлување. Но, според експертите, ефектите се незабележливи.
Што вели науката
Германското здружение за истражување на спиењето предлага задржување на нормалното, односно зимското сметање на времето. Дневната светлина и особено сончевите зраци се „главните тајмери“ на внатрешниот часовник на човекот и многу важни за ритамот на будење и спиење. Според експертите, токму зимското сметање на времето тоа најдобро го обезбедува.
Со поместувањето кон летно сметање се заканува недостаток на сон, што води кон недостаток на концентрација и намалена продуктивност, како и до повеќе несреќи. Германската здравствена организација предупредува дека летното сметање на времето води кон здравствени проблеми и за учениците.
Нивниот заклучок е дека враќањето на часовникот не донесува заштеда на енергија, претставува значаен здравствен ризик и многу ја чини економијата.