Триглав oсигурување-живот во следните 20 години ќе ги осигурува вработените на Раде Кончар -ТЕП, Раде Кончар - сервис и поправка на електрични производи ДОО - Скопје и Смелт- инг ДОО – Скопје
Преку Договорот за деловна соработка, склучен во директни преговори, над 140 вработени во групацијата Раде Кончар освен основната полиса за осигурување на живот со штедна компонента добиваат и дополнителни осигурувања од тешко болни состојби и низа привилегии меѓу кои и осигурување на членови на нивните семејства при настанување на одредени осигурени случаи. Условите на осигурување обезбедуваат, меѓу другото, и целосно покритие за лекување од ковид-19 во сите приватни клиники на РСМ. На сите осигуреници опфатени со овој договор обезбедено им е членство во Триглав смарт клубот, кој оваа компанија го креираше за поддршка на здрав начин и навики на живот.
Компаниите Раде Кончар -ТЕП, Раде Кончар - сервис и поправка на електрични производи ДОО
-Скопје и Смелт-инг ДОО – Скопје континуирано остваруваат добри деловни резултати. Како општествено одговорни компании кои имаат за цел да ги мотивираат и задржат своите вработени, одлучија да им обезбедат квалитетно осигурување, притоа демонстрирајќи висока морална одговорност за секој вработен.
Триглав осигурување – живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи четврта година, а веќе во 2021 година има најголем апсолутен раст на премијата во доменот на животно осигурување и доминира во бројот на продадени полиси. На пазарот компанијата станува препознатлива по корпоративните осигурувања од ваков вид, кои нудат уникатно корисничко искуство за сите вработени во корпорациите кои се одлучуваат своите вработени финансиски да ги заштитат од сите ризици на секојдневието.