Речиси 34 милиони луѓе во Германија се во редовен работен однос. Тоа е нов рекорд. Но, во исто време, бројот на слободни работни места продолжува да расте. Се повеќе компании се жалат на недостиг на квалификувана работна сила. За германската економија ова стана еден од најголемите деловни ризици.
Колку е сериозна ситуацијата покажува последното истражување. Од 7.500 анкетирани претприемачи, 66 отсто рекле дека не можат да најдат доволно квалификувани работници. Минатата година, 55 отсто рекле дека имаата проблеми при пополнување на работните места.
Од година во година станува сé потешко
Ситуацијата не е иста во сите индустрии, региони, занимања и квалификации. Ако се прашаат компаниите со недостиг на работна сила што точно им недостига, речиси секоја друга наведува лица со завршено средно стручно образование. Во секоја четврта компанија недостасуваат академски образовани луѓе. Со оглед на индустријата, недостигот на квалификувана работна сила особено влијае на грижата за старите и изнемоштените лица и здравствената заштита.
Повисоки плати, шанси за подобрување
Но, во пракса досега имиграцијата на странска работна сила одигра мала улога. Само 16 отсто од испитаниците од студијата Бертелсман изјавиле дека бараат работа во странство. Повеќето од нив се обидуваат да привлечат домашни вработени со особено атрактивни понуди.
Јазикот е најголемата пречка
Од 1 март 2020 година, во Германија е на сила закон кој треба да го олесни доаѓањето на квалификувана работна сила од земји кои не се членки на Европската унија. И покрај ова, многу претприемачи не сакаат да бараат работници во странство. Причините се различни. Како главна причина компаниите ја наведуваат стравот од потешкотии во комуникацијата и проблемот со оценување на квалификациите на работниците со странски сертификат.
Барате работа во Германија? На ЛИНКОТ се сите активни огласи.
Слични се одговорите и за оние фирми кои веќе ангажирале странски работници. Ова покажува дека некои стравови не се многу неоправдани, на пример кога станува збор за комуникација со странци. Од друга страна, бирократските пречки во пракса се очигледно помал проблем отколку што изгледа на прв поглед.
Пречките стануваат се помали
Фондацијата Бертелсман претпоставува дека политичките напори за имигрирање на квалификувана работна сила вродиле со плод. На пример, забрзани бирократски процедури, стимулации за учење германски јазик и подобра понуда на информации за признавање на странските квалификации. Но: „Сè уште постојат пречки за стекнување странска квалификувана работна сила, и покрај значителниот напредок“, предупредува Матијас Мајер, експерт за миграција во фондацијата Бертелсман.