Управата за јавни приходи и овој месец ќе одржи јавна аукција на која ќе се распродаваат запленети предмети од даночни обврзници
Управата за јавни приходи и овој месец ќе одржи јавна аукција на која ќе се распродаваат запленети предмети од даночни обврзници.
На листата има најразлични предмети, како што се моторни возила, товарни возила, деловни простории, машини и друго.
За подетални информации во врска со учеството на електронските јавни аукции/слободни комерцијални продажби на движни и недвижни ствари, преземете го документот подолу и посетете го веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk
Преку веб порталот можете да ги видите активните аукции, да вршите on-line разгледување и преглед на достапните аукциски производи (движни и недвижни ствари), да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.
За да учествувате на е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направите е да се регистрирате како корисник на http://e-aukcii.ujp.gov.mk повеќе>>>