Владата на Црна Гора усвои нови мерки против ширењето на коронавирусот, кои вклучуваат и забрана за организирање новогодишни прослави на отворено
Забранети се и концерти, масовни собири, како и свадби и на отворено и во затворено, а се затвораат и ноќните клубови. Угостителските објекти ќе смеат да работат до полноќ.
Национална ковид пропусница од претходно е услов за преминување на државната граница и за влез во угостителски објекти и театри, но министерката за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ изјави дека постои можност од 1 декември таа да се бара и од сите вработени во државната администрација, како и за влез во јавен превоз и трговски центри.
„Сите помлади од 40 години кои починаа од ковид-19 од 1 мај наваму биле невакцинирани. Ги молам граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат“, изјави Боровиниќ - Бојовиќ.
Новите мерки стапуваат на сила в понеделник и ќе важат најмалку до 1 декември.