Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68, а Екстра лесно масло за домаќинства (ЕЛ-1) за 67 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,407 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,852 денари.
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалувените референтните цени на светските берзи во изминатите седум дена во просек за 4,081 отсто кај бензинот и зголемените за 0,276 отсто кај дизелот, како и за 0,493 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Извор: sitel.com.mk