Никола Љушев стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.
Љушев доаѓа во Телеком со долгогодишно искуство на највисоки раководни позиции во Дојче Телеком Групацијата, во Космофон, како и во Телеком Австрија Групацијата. Последнава година ја извршува функцијата Главен извршен директор на Црногорски Телеком (членка на Дојче Телеком Групацијата), период во кој компанијата за прв пат по шест години прави пресврт во работењето и бележи раст, поради што ќе продолжи истовремено да ја извршува и таа функција.
Пред да се приклучи на Црногорски Телеком, Љушев беше во највисокиот менаџмент на Телеком Австрија во Македонија како Главен извршен директор на Вип оператор во периодот од 2007 до 2015 година, а по спојувањето на Вип и Оне, и извршен директор на oне.Вип во периодот 2015-2016. Љушев беше и Главен директор за техника во Космофон од 2003 до 2007. Својата кариера во телекомуникации ја почна токму во Македонски Телеком во 1997 година.
Љушев е дипломиран електротехнички инженер во областа на електроника и телекомуникации, со надополнето образование за корпоративен менаџмент на престижни меѓународни школи и универзитети, меѓу кои и Харвард бизнис школата, ИНСЕАД, Универзитетот во Чикаго и други. Престижниот магазин Global Telecom Business – Лондон два пати го има избрано, во 2010 и 2011 година, за еден од четириесетте најдобри извршни директори под 40-годишна возраст во телекомуникацискиот сегмент во светски рамки.
Неговото долгогодишно искуство и експертско познавање на индустријата на телекомуникациите, како и досегашните извонредни резултати и достигнувања беа клучни при изборотот за прв човек на Македонски Телеком и воедно гаранција дека компанијата ќе продолжи со остварување на планираните бизнис цели и понатаму ќе ја предводи дигитализацијата на македонското општество
Кој е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком?
Вести
-
Како најбрзо да го загреете својот авотмобил во зима?
Првата работа која треба да ја направите е да ја зголемите температурата. Без разлика на кој климатизер тип имате, вклучете го до крај и малку зголемете ги вентилаторите
-
Ова е најладното населено место, а температурите се спуштаат до -51: Дури и фотографиите од градот „предизвикуваат“ студенило
Јакутск е град во источен Сибир и е еден од најстудените населени градови во светот. Во зима, температурите можат да бидат и пониски од -50 степени Целзиусови, што е исклучително ниско. Пристаништето во градот редовно замрзнува, а бродовите остануваат заробени во мразот до пролет. Во Јакутск живеат околу 300.000 луѓе, што го прави најнаселен град во североисточниот дел на Русија.
-
Гламур и раскош како од бајка, без скапи украси: Трикови со чија помош новогодишната елка ќе блесне во домот
Одлични совети како да искористите 6 едноставни трикови за украсување на помала елка која ќе изгледа исто толку луксузно како голема.
-
Музика и пари – како и колку заработуваат скопските улични уметници?
На плоштадот Македонија, во тесните улички на Старата чаршија, па дури и во парковите низ Скопје, звуците од гитара, виолина или саксофон сè почесто ги исполнуваат деновите на минувачите.
-
Поради наплаќање за рачен багаж и други скриени трошоци, Шпанија ги казни нискобуџетните авиокомпании
Шпанското Министерство за права на потрошувачи казни пет нискобуџетни авиокомпании во петокот со 179 милиони евра за злоупотреби, вклучително и наплата на дополнителни давачки за рачен багаж.
-
Времето денеска: Претпладне променливо облачно, попладне поведро
Во сабота во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови.