Ел Салвадор, единствената земја во светот каде биткоинот (заедно со американскиот долар) е официјална валута, планира да изгради цел град врз основа на таа криптовалута.
Ова вест ја соопшти претседателот Наjиб Букеле на презентацијата на Bitcoin Week во Ел Салвадор.
Bitcoin City ќе се наоѓа во заливот Фонсека, недалеку од вулканот. Владата планира да изгради електрана во подножјето на вулканот, која ќе се напојува од геотермални извори и ќе го снабдува со енергија град и ќе го “рудари“ биткоинот, рече претседателот.
Според Букеле, Bitcoin City ќе биде вистински град со станбени и трговски квартови, ресторани, аеродром и железничка станица. Градот ќе биде изграден во облик на круг (како монети), а на централниот плоштад ќе биде прикажан голем биткоин симбол.
Букеле, исто така, рече дека планира да издаде обврзница за биткоин од 1 милијарда долари, финансиски инструмент што ќе го развие Blockstream на Liquid Network. Од таа сума, 500 милиони ќе бидат искористени за изградба на инфраструктура за ископување биткоини во новиот град, а останатите 500 за купување дополнителни биткоини.
Со сегашната цена за тргување со биткоини од 59.000 долари, државата со овој потег ќе добие залиха од 2.000 биткоини.
Претседателот на Ел Салвадор на презентацијата на Bitcoin City се спореди со Александар Велики и Александрија која тој ја изгради. Тој за Bitcoin City изјави дека ќе стане новиот светски финансиски центар, а споменатата обврзница што ќе ја издаде ја нарече “вулканска“.
Ел Салвадор има намера да создаде закони за хартии од вредност и да дозволи издавање на Bitfinex Securities.
Извор: biznisinfo.mk