Во периодот од април до крајот на јуни, 13% од вкупниот број на вработени во ЕУ биле самовработени.
Останатите (86%) на возраст од 20 до 64 години најчесто биле класифицирани како вработени, објави Евростат.
Кај самовработените, мажите биле побројни од жените, 67% наспроти 33%. Од друга страна, разликата е минимална кога се во прашање вработените, бидејќи во вториот квартал во ЕУ 52% од нив биле мажи, а 48% жени.
Гледајќи ги возрасните групи, најмногу самовработени има кај оние над 55 години, дури 17%, кај најмладите работници, оние на возраст од 15 до 24 години, имало 4%, а кај постарите од 24 години и кај оние помлади од 55 години, имало 13%.
Според веб-страницата на Евростат, самовработувањето е нешто почеста кај вработените лица кои имаат низок степен на образование (16%), 12% со средно образование и поголем процент кај оние со високо образование.
Во вториот квартал од годинава нешто помалку од 4% од вработените на возраст од 20 до 64 години имале втора работа во ЕУ. Земјите со најголем удел на вработени на две работни места во ЕУ се Холандија (10%), Финска и Данска (по 7%), Естонија и Литванија по 6%.
Втора работа во Бугарија, Романија и Шведска имаат 0,5% или помалку вработени.