Министерството за одбрана денеска на свечен настан објави дека ќе бидат наградени армиските лица кои учествуваа во гаснењето на августовските пожари низ земјата.
По 20.000 ќе добијат 14 лица од воздухопловниот Винг. По 10.000 денари ќе добијат 274 службеници од командата за операции, 10 лица од баталјон за специјални лица и 12 од разузнавачиот баталјон. Три дена отсуство ќе им следува на 298 лица.
- Спасивте куќи, манастири и воени инсталации, затоа сме тука да ви кажеме едно големо „благодарам“. Покажавте дека сте вистински луѓе со принципи, интегритет и карактер. Во трката да се спаси секоја педа од нашата татковина, ниту еден од вас не беше повреден, што беше најважно за сите нас, рекоа од Министерството за одбрана.
Армијата помагаше во гасењето на пожарите на 13 локации низ државата - во регионите на Кочани, Делчево и Пехчево, кај селата Иственик, Робово и Умлена, во реоните на Валандово, Прилеп, на Плетвар, во селото Топлица, во Старо Нагоричане и Овче поле.
Наградите и стимулативните мерки кои беа најавени на Денот на Армијата од страна на министерката, денеска беа доделени на припадниците на Армијата за успешно справување со пожарите.
Извор: faktor.mk