Пивскиот бренд Corona ќе ги носи најверните фанови на својот сопствен идиличен карипски остров

Пивскиот бренд Corona ќе ги носи најверните фанови на својот сопствен идиличен карипски остров

02. 12. 2021.

Пивскиот бренд Corona, како и повеќето луѓе, имаше прилично тешка година или две, па поради тоа се реши да создаде сопствено островско прибежиште исполнето со пиво и природа.

Се работи за идиличен остров сместен во Крапиското Море, со прекрасна бистра вода и песочни плажи. Corona става голем акцент на заштитата на природата и еколошката одржливост, па затоа посетителите на островот ќе мора да живеат без пластични производи и да се хранат со локално пораснати состојки.

Управувањето на островот е во согласност со принципите на Oceanic Global – непрофитна организација која има за цел заштита на меѓународните води. Островот на Corona е во фаза да биде првиот кој ќе се здобие со квалификацијата Blue Verified Island, како потврда за заложбите за негово одржливо користење.

Меѓутоа, главното прашање е како да се стигне до островот? Епа, за тоа Corona ќе организира наградна игра, во која ќе може да учествуваат само фановите од следните држави: Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија, Доминиканската Република, Еквадор, Гватемала, Парагвај, Перу и Јужна Африка.

Победниците на наградната игра ќе добијат целосно платен одмор на островот, кој ќе биде отворен напролет во 2022.

„Островот Corona не е како ништо што сме направиле досега. Како бренд кој е толку длабоко поврзан со природата, сакавме да ѝ оддадеме почит и да ја славиме природната средина која нé снабдува со 100% од нашите природни состојки. Сега повеќе од било кога, луѓето имаат потреба да се поврзат со надворешниот свет. Ги покануваме луѓето од секаде во светот да се сплотат и да комбинираат едукација со одговорен туризам. Нашата надеж е штом гостите се вратат дома, тие да бидат повторно заљубени во природата“ – истакнува Фелипе Амбра, глобаниот потпретседател на брендот Corona.