Како да бидеме попаметни, да носиме подобри одлуки, да сработиме сè како што треба? И за тоа има решение (барем донекаде), со помош на одредени активности или навики. На пример:
Читање
Не бадијала се рекло дека книгите се богатство. Читајте, вежбајте ги мозочните виуги, црпете го непресушниот извор на пишаниот збор. Мал совет – одберете книга што ќе може да ја држите во раце, а не дигитално издание.
Спортување
Движење, трчање, пешачење, спортска активност што ви одговара придонесува за поголема енергија, а со тоа и подобра продуктивност.
Музика
Свирење на било каков инструмент или вклученост во музиката, макар тоа било активно слушање на омилени песни, го релаксира и вежба мозокот.
Видео игри
Да и оваа активност, или хоби, може да не направи попаметни, доколку правилно ја користиме. Особено помага при побрзо донесување на одлуки.
Решавање на сложувалки
Одличен начин за тренирање на умот – решавање на сложувалки. Тоа можат да бидат било какви од Рубикова коцка и обична сложувалка, до логички онлајн “проблеми“.
Комуникација/патување
Ако сакате да научите повеќе, не седете дома… излезете, дружете се, патувајте (колку што можете), запознавајте нови луѓе и култури од кои сигурно ќе научите нешто ново.
Медитација
Иако не може да се нарече активност во права смисла на зборот, медитацијата е од големо значење за генерирање на енергија, опуштање на умот и телото, “бркање“ на лошите мисли. Сето ова заедно го прави практикувачот попаметен и попродуктивен.