Акциите на Tesla паднаа за повеќе од 3% во понеделникот по веста дека американската Комисија за хартии од вредност (SEC) започна истрага против компанијата.
SEC започна истрага за извештајот на поранешен вработен во Tesla во кој се тврди дека компанијата не ги информирала своите акционери и јавноста за ризиците од пожар поврзани со нејзините соларни панели, пишува Ројтерс.
Акциите веќе се тргуваат за повеќе од 20% под нивното рекордно високо ниво од околу 1.243,49 долари.
Падот на акциите на лидерот на пазарот на електрични автомобили беше влошен во последните недели со продажбата на акции од страна на извршниот директор Елон Маск. Во последниот месец, тој продаде свои акции во Tesla во вредност од приближно 11 милијарди долари.
Американската комисија за безбедност на потрошувачки производи исто така ја истражува компанијата откако поранешниот вработен во компанијата, Стивен Хенкс, исто така поднесе жалба до агенцијата.