Човек кој се лизнал по скалите и го скршил грбот додека одел од креветот до домашната канцеларија, може да поднесе барање за обештетување од работодавецот, откако судот пресудил дека тој во тој момент патувал на работа.
Одлуката на германскиот Сојузен социјален суд дојде откако два пониски судови не се согласија околу тоа дали патувањето од неколку метри се квалификува како службено патување.
Според соопштението издадено од судот во средата. Осигурувањето на неговиот работодавач првично одбило да ја покрие тужбата.
Но, додека се спушташе по скалите – судот сметаше дека неговото патување е „осигурaно како дејност во интерес на неговиот работодавач - како патување до работа“.
Како резултат на работата од дома за време на пандемијата, германскиот закон за вработување се промени во јуни за да вклучи повеќе активности дома кои би биле покриени со осигурување на работното место, доколку тие активности биле во интерес на работодавачот.
Оваа промена стави крај на она што некогаш беше многу строга поделба во правото помеѓу домашните и работните активности.