Еве кои се најчестите грешки кои работодавачите ги препознаваат кога го читаат вашето CV:
Знаењата и вештините, кои како кандитат ги поседувате, се секако пресудни параметри кога е во прашање вработувањето, но за да дојдете воопшто во прилика да ги покажете, сепак е важно како ќе се претставите себеси во вашата професионална биографија (CV). Со адекватно пишување на CV-то и со истакнување на соодветните сегменти, секако ќе си ја зголемите вашата шанса да му паднете во око на работодавачот, но исто така, доколку не ја формулирате својата биогрфија на вистински начин, може да се случи да се елиминирате сами себе уште на самиот старт, иако можеби ги имате сите потребни квалитети за одредена работна позиција.
Еве кои се најчестите грешки кои работодавачите ги препознаваат кога го читаат вашето CV:
ПРАВОПИСНИ ГРЕШКИ
Ако вашата професионална биографија е преполна со правописни грешки, тоа е јасен сигнал дека не сте посветиле доволно време пишувајќи ја. Тоа би можело да биде сигнал дека не сте доволно посветени на вашата цел, а тоа е особина која повеќето работодавачи не би сакале да ја видат кај својот вработен.
CV КОЕ НЕ Е ПРИЛАГОДЕНО НА ОДРЕДЕНИОТ ОГЛАС
Истражувањата покажуваат дека во текот на првиот круг, HR менаџерите посветуваат околу триесет секунди на секое CV. Ако вие не сте си ја прилагодиле вашата биографија на одреден оглас и не сте ги истакнале вашите знаења и вештини кои се потребни конкретно за тоа работно место на кое што се пријавувате, тогаш шансите за да влезете во вториот круг се сведени на минимум.
COPY/PASTE CV
Различните верзии на шаблоните што ги наоѓате на Интернет можат да бидат почетна точка за креирање на вашето CV, но погрешно е да се копира целиот документ. Имено, HR менаџерите прегледуваат илјадници CV-ја и голема е веројатноста дека ќе приметат некои идентични биографии. Тоа ве прави да изгледате како кандидат кој е мрзлив или недоволно креативен.
ПОГРЕШНИ ПОДАТОЦИ
Ако вие сте идеалниот кандитат за одредено работно место, ги поседувате сите неопходни квалитети, добро сте ги нагласиле во вашето CV, дури ни тогаш работата не е готова. Добро проверете дали сте оставиле точни податоци (е-маил, телефон...). Ако работодавачот не може да ве исконтактира, целиот ваш труд паѓа во вода, само поради тоа што сте оставиле погрешни информации. Затоа, добро проверете си сè пред да го испратите вашето CV.