Веќе трета година по ред во Баварија класичниот начин на одмрзнување патишта со помош на сол заменет е со преработена течност од краставички, а тоа се прави за да се заштеди на сол и да се зачува околината.
Зимската служба од крајот на 2019 година користи преработена вода од произведени кисели краставички која се збогатува додека не постигне доволен удел на сол (21% NaCl).
Веќе по тест фазата станало јасно дека преработената вода од краставички економски и еколошки е поприфатлива од обичната сол за патишта, наведува.
Бидејќи водата од краставичките која содржи сол досгеа се отстрануваше преку канализацискиот систем, таа сега се користи за одрзнување на мразот на патиштата. Во посебен погон се третира, се чисти и се доставува на одржувачите на патишта.
Баварските власти на овој начин штедат на сол и на вода, а производителот на краставички се во добивка, со оглед на тоа дека трошат помалку пари за прочистување на отпадните води.
Извор: nezavisen.mk