Британскиот магазин „Економист“ ги претстави четирите највлијателни луѓе во светот на криптовалутите.
Сите четири имаат платформи за тргување со криптовалути, чиј пазар порасна на 2,3 трилиони долари од почетокот на 2020 година до средината на декември оваа година, се вели во списанието.
Меѓу нив е и 29-годишниот Сем Бенкмен-Фрид, директор на трговската компанија за криптовалути FTX. Неговото богатство се проценува на повеќе од 22 милијарди долари.
На чело на најголемата берза за криптовалути „Binance“ е Чангпенг Жао, познат по иницијалите „CZ“. Тој има 44 години и е најстариот од четирите највлијателни луѓе на пазарот на криптовалути.
Тој пред три години стана лидер во оваа финансиска активност. Дотогаш, тоа беше Артур Хејс, ко-основач на платформата за тргување со криптовалути BitMEX.
На чело на платформата „Coinbase“ е интровертниот и непоколеблив Брајан Армстронг. Станува збор за берза која долго време е регулирана во САД.
Овие четворица „господари“ во светот на криптовалутите успеале за само неколку години да создадат богатство вредно милијарди долари, објави порталот „Кликс“.